Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

НМСМ се повлекува од партнерството со Град Скопје за титулата Европска младинска престолнина 2027

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) објави дека се повлекува од соработката со Град Скопје за кандидатурата за Европска младинска престолнина 2027 година.

Од НМСМ информираат дека до оваа одлука дошле по неколку неуспешни обиди за координација со Градот, кој требаше заедно со нив да ја претстави кандидатурата пред жирито за избор. Бројните барања за состаноци и координација останале без одговор.

– Неуспехот во воспоставувањето на соработка ни покажа дека Градот не е посветен на младите и кандидатурата не е мотивирана од вистинска желба да ги постави младинските прашања како приоритет. Овој заклучок се потврдува и со недостигот од иницијатива за формирање локален младински совет, усвојување стратегија за млади и отворање младински центар – дел од обврските во рамки на кандидатурата, соопштија од НМСМ.

НМСМ потенцира дека нивната основна мисија е да обезбедат суштинско учество на младите и апелираат до локалните и националните институции да создадат услови за младинско вклучување и заедничко креирање програми кои ги одразуваат реалните потреби на младите.

Нагласуваат дека, и покрај повлекувањето, ќе продолжат да се залагаат за поддршка на младинските интереси и визијата за подобар стандард и квалитет на живот на младите во Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен