Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Скопјанец украл „поло“ од битолчанка

Полицијата го приведе 46-годишниот А.Ѓ. во скопската населба Кисела Вода, кој се сомничи дека украл автомобил „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.Т.(58) од Битола.

Во возилото имало пари, мобилни телефони и други предмети, велат од МВР.

Автомобилот е пронајден и ќе биде вратен на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Зачлени се на нашиот е-билтен