Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Градоначалникот на Дојран, Ангов за денешното пуштањето на системот „Ѓавато“: Беше само сликање

Голем број граѓани на Дојран се сплотија и се приклучија на акцијата за чистење на брегот на Езерото во Стар Дојран, од плоштадот „Под јаворите“ до некогашната „Струмичка плажа“. Во акцијата беа ангажирани и багери и друга механизација.

Според градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, Хидросистемот мора да се реконструира и да се стави во функција.

„Иако ресорниот министер, денеска објави дека повторно се пушта во употреба системот Ѓавато, сепак не е така, и тоа беше само сликање. Наша цел е, системот целосно да проработи и да биде во функција“, изјави Ангов.

Ангов упати благодарност до сите кои учествуваат во акцијата без разлика на политичка или било каква определба, при што придонеле да се подигне на повисоко ниво, овој голем проблем.

Според него, со денешната акција граѓаните покажале како треба да изгледа грижата за Дојранското Езеро, бидејќи таа треба да биде заедничка, сплотена и без поделби.

Денеска вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити официјално го пушти Хидросистемот Ѓавато кај Богданци  со кој се напојува со вода Дојранското езеро.

Зачлени се на нашиот е-билтен