Хрватска има највисока просечна плата до земјите во регионот има, а најниска е плата во Косово, покажуваат официјалните статистички податоци на заводите за статистика на земјите од соседството и регионот.
Просечната месечна ислатена нето плата по вработен во месец август во Хрватска, единствената земја членка на ЕУ од земјите од регинот, изнесуваше 1.324 еврa, што е за 11,8% повеќе во споредна со минатата година во истиот период. Во Црна Гора просечната плата во мај 2024 година изнесувала 832 евра, што е за 4,9 % повеќе во споредба со истиот период во 2023 година.
Во Србија просечната плата изнесува 96.649 српски динари (824 евра), објави Републичкиот завод за статистика. Просечната плата е поголема за 14,6 отсто компарација со истиот период во 2023 година.
Официјалните статистички податоци покажуваат дека просечната бруто плата во Албанија во вториот квартал од 2024 година изнесува 75.114 лека или 763 евра, што е зголемување од 5,9 отсто, споредено со истиот квартал лани. Просечната месечна исплатена нето плата во Босна и Херцеговина во текот на август месец оваа година изнесува 1.392 конвертибилни марки или 708 евра, што е реално намалување аз 0,8% во однос на јули месец истата година.
Податоците од македонскиот Државен Завод за статистика покажуваат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесува 41 097 денари (668 евра). Ова значи дека просечната нето плата е за 12.9 отсто поголема во споредба со истиот месец лани.
Во земјите од регионот Косово има најниска просечна плата и таа според податоците на Агенцијата за статистика изнесува 570 евра.
Прземено од Трн.мк