Во Скопје-Север, маж ѝ се заканувал со огнено оружје и физички ја нападнал својата поранешна сопруга, според пријавата поднесена во полиција.
На 9 ноември 2024 година, околу 01:35 часот, 30-годишна жена пријавила во СВР Скопје дека претходниот ден, околу 20:00 часот, била нападната и ѝ биле упатени закани со оружје од страна на нејзиниот поранешен сопруг Б.И., соопштија од полицијата.
Полицијата го истражува случајот и по целосна документација ќе биде поднесен соодветен поднесок.