Во акција на полицијата во општина Боговиње вчера, биле приведени двајца осомничени за серија тешки кражби во гостиварскиот регион. И.С. (43) од село Селце Кеч бил уапсен во Долно Палчиште, додека во Гостивар, на булевар „Браќа Ѓиноски“ во 17:30 часот, полицијата го привела и С.Ш. (42) од истото село.
Според информациите на МВР, осомничените се поврзуваат со кражби на добиток и разни работни и други машини во подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште. Пронајдени се украдени предмети кои ќе бидат вратени на сопствениците.
По завршување на истрагата, против лицата ќе следуваат соодветни кривични пријави.