Со почетокот на грејната сезона и промената на временските услови, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги интензивира мерките за намалување на аерозагадувањето. Формирана е работна група од релевантни сектори која подготвува акциски план за краткорочни и долгорочни мерки, со цел брзи и видливи резултати во подобрување на квалитетот на воздухот.
Министерството најавува план за инспекција на индустриските капацитети кои поседуваат А-интегрирана еколошка дозвола. Контролите ќе се вршат по региони, со учество на Државниот инспекторат за животна средина. Освен проверка на усогласеност, целта е и подигање на свеста и мотивирање на компаниите да преземат дополнителни мерки.
Апел е упатен до граѓаните и институциите за совесно однесување во затоплувањето, чистењето на оџаците, правилно управување со отпадот и намалување на штетните активности. Заедничките напори се клучни за почиста и поздрава животна средина.
-За квалитетот на воздухот мора сите да преземеме нешто, а Министерството за животна средина и просторно планиарње оваа сезона делува проактивно и со предлог мерки и со мотивирање на различните чинители да се подготват и посериозно да делуваат во пресрет на зимската сезона, велат тие.
МЖСПП редовно ја следи состојбата со квалитетот на воздухот и ќе продолжи навремено да ги информира граѓаните за сите нови активности.