Иако Премиерот Христијан Мицкоски тврдеше дека цената на струјата сигурно нема да поскапи, денес изјави дека според неговите проценки, ако има зголемување, тоа ќе биде во рамките од еден до три проценти.
„Не очекувам зголемување од 10, 15 или 20 проценти, како што е во многу земји во регионот и Европа. Очекувам дека ќе биде минимално, не повеќе од три проценти“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека АД ЕСМ е во процес на консолидација и изрази очекување дека од 2026 година компанијата ќе работи со добивка. Според премиерот, цената на електричната енергија по која ЕСМ ќе ја продава на ЕВН Хоме од јануари ќе изнесува помеѓу 58 и 60 евра за мегаватчас.