Метеоролошките служби на Шпанија испратија предупредувања до граѓаните да бидат вниматели, бидејќи се очекуваат нови обилни врнежи во државата и ниски температури.
Ваквите предупредувања следуваат на две недели по катастрофалните поплави во источна Шпанија, при кои загинаа над 225 луѓе.
Источниот и јужниот дел на Медитеранот повторно се најзагрозени, а шпанската метеоролошка агенција Аемет од денеска до четврток издаде портокалово предупредување за делови од регионите Валенсија, Каталонија и Андалузија, како и за Балеарските острови, јави Би-Би-Си.
Според метеоролошката служба се очекуваат поројни дождови и бури кои би можеле да бидат многу силни.