Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Наместо напразно да обвинува, Владата да ги ископира успешните мерки од Планот за чист воздух од 2019-2020

Наместо напразно да обвинува, Владата само треба да ги ископира успешните мерки од Планот за чист воздух од 2019-2020 и да ги спроведе веднаш, посочува на социјалните мрежи Марјан Забрчанец, специјалист за стратегиски комуникации.

Забрчанец истакнува дека „аерозагадувањето нѐ труе сега, денес, секој ден. За заштита на здравјето и животот на луѓето нужна е итна акција, денес“.

„Имаме примери како се прави тоа. И тоа домашни, од периодот 2018-2020 година. Период кога Владата, граѓанските еко организации и иницијативи, Градот Скопје и дел од општините ја сфатија алармантноста и преминаа заеднички кон дневно, штапско справување со аерозагадувањето“, потсетува Забрчанец.

Тој потсетува на дел од мерките, кои може да им послужат на одговорните денес, за „да овозможат граѓаните да дишат, за да не издишат“:

– СТРАТЕГИЈА – утврдување на борбата со аерозагадувањето како стратешки приоритет во владината програма

– ШТАБ – формирање кризен штаб за справување со аерозагадување во кој учествуваат Владата, Градот Скопје, ЗЕЛС и невладините

– ТРАНСПАРЕНТНОСТ – дневна комуникација со медиумите и граѓаните и транспарентно информирање за сите преземени мерки

– ЕДУКАЦИЈА – активна медимска едукација на населението за откажување од греење со биомаса, за откажување од палење стрништа и слично

– ИНСПЕКЦИИ – контрола и казни за сите загадувачи, без разлика дали се институции или компании

– ЛЕГИСЛАТИВА – иницијативи за законски измени со цел воведување нови мерки

– АКЦИИ – за замена на огрев на дрва со клима инвертори

– АКЦИИ – за вклучување на администрацијата во чистење на околината

– АКЦИИ – за замена на системите на грееење на сите јавни објекти

– АКЦИИ – за субвенционирање и олеснување на трошоците на домаќинствата за трансфер кон еколошки начин на греење

Марјан Забрчанец нагласува дека „здравјето на луѓето не може да го чека премиерот да ‘најде партнери коишто врз основа на пазарни услови, ќе вложат во систем на затоплување на домовите којшто ќе се базира на соговорување на природен гас, односно когенеративни централи кои ќе произведуваат и електрична енергија и гас’“.

Борбата против аерозагадувањето е борба за здравје – денес, сега, веднаш“, истакнува Марјан Забрчанец во својата објава на социјалните мрежи.

Зачлени се на нашиот е-билтен