Синдикатите во земјава цврсто стојат зад барањето за минимална плата од 450 евра и повикуваат Владата итно да го свика социо-економскиот совет. Тие апелираат да не се чека законскиот рок во март за зголемување на минималецот, кој според нив треба да изнесува 1.800 денари поради растот на трошоците за живот и просечната плата.
Од ССМ посочуваат дека март е предалеку и очекуваат минималната плата од 27.600 денари да биде воведена пред Нова Година. Како споредба, во Босна и Херцеговина минималецот веќе е зголемен двојно, од 310 на 600 евра.
Новото зголемување на платите е планирано од јануари, кога со фискалните реформи ќе се овозможи делумно ослободување од придонесите за бизнис-сопствениците.