Жителите на Скопје викендов се соочија со проблеми во јавниот превоз. Поради прекин на автобусите од приватните превозници, кои бараат исполнување на нереализирани обврски од Град Скопје, корисниците забележаа дека и ЈСП не сообраќа според предвидениот возен ред.
Од Град Скопје, вчера доцна вечерта, соопштија дека имало „притисоци“, без да прецизираат какви и од кого. Во истото соопштение, тие уверуваат дека јавниот превоз од утрово ќе биде редовен:
„Ве известуваме дека и покрај сите притисоци, од утре ЈСП ќе сообраќа редовно и во полн капацитет,“ стои во кратката изјава од Град Скопје.
Оваа реакција следеше по големиот број јавни критики упатени кон управата за проблемите во јавниот превоз.