Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шукова, Чупеска, Илиевски и Костова ќе бидат потпретседатели на СДСМ

Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член во Централниот одбор во СДСМ ќе бидат идни потпретседатели на СДСМ .

СДСМ вечерва ја одржува првата седница на Централниот одбор, а Шукова, Чупеска, Илиевски и Костова се избрани потпретседатели, неофицијално дознава ТВ Телма од извори во СДСМ.

За генерален секретар е избран Александар Димитријевиќ кој доаѓа од општинската организација на СДСМ во Гази Баба.

Зачлени се на нашиот е-билтен