Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Апел на Град Скопје: На локалните избори не гласајте за советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидете уште еднаш излажани

Од Град Скопје, денеска апелираа до граѓаните, на претстојните локални избори да не гласаат за скопските совениците на ВМРО-ДПМНЕ, за да не бидат уште еднаш излажани.

„Следниот пат кога ќе имате можност својот глас да го дадете на локални избори за избор на Совет на град Скопје, да неим верувате на ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ“. Апелот од Град Скопје доаѓа по денешната седница на Советот на Градот Скопје, на која повторно не беа изгласани одлуките за давање согласност за склучување договор за имплементација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во Град Скопје“ и за набавка на екоавтобуси.

Во соопштението на Град Скопје пишува дека неизгласувањето на овие точки е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници немаат намера да го средат хаосот во јавниот сообраќај.

„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно, по 26 пат одбија да гласаат набавка на нови автобуси. Повторно го блокираа проектот за БРТ со кој Скопје би добил 60 нови автобуси во рамки на брзиот автобуски превоз. И како тоа да не е доволно, Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот“, потенцираат градските власти.

Зачлени се на нашиот е-билтен