Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Софија вика дека Белград вика дека Македонија е Јужна Србија

Денеска, на 29 ноември, денот кога порано се прославуваше СФРЈ, Српската академија на науките и уметностите (САНУ) ќе одржи тркалезна маса во Белград, на која ќе се разговара за „модернизацијата на новоослободените јужни региони во периодот 1912-1941 година“, „ослободувањето на јужна Србија (1912)“ и за други „историски“ теми, кои се дел од великосрпската доктрина, јавува денеска бугарската агенција БГНЕС.

Во рамките на манифестацијата ќе биде претставена работата на српскиот Културно-информативен центар „Спона“ во Скопје, кој постои 19 години, продолжува написот на БГНЕС, според кој со вакви манифестации, властите во Белград отворено ги изразуваат своите намери за заживување на Голема Србија, која ги опфаќа териториите на Северна Македонија, Црна Гора, Косово и дел од Босна и Херцеговина.

Во сегашната форма, овој проект се нарекува „Српски свет“, а негови главни основачи се српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата десна рака, вицепремиерот Александар Вулин.

Во однос на „Српски свет“, БГНЕС се повикува на т.н „Сесрпско собрание“ на кое присуствуваа претставници на Србија, Република Српска, Косово и Северна Македонија. Сите тие беа повикани да ги зачуваат виталните национални цели и слободата (на Србија).

Повеќето регионални и западни набљудувачи изразија загриженост, потсетувајќи дека токму со слична реторика и масовни собири Слободан Милошевиќ започна серија крвави војни на Балканот во 1990-тите, заклучува БГНЕС.

Зачлени се на нашиот е-билтен