Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Коалицијата Влен и партиите во неа, сега засега без реакција за сквернавњето на македонското знаме

Остри реакции и осуда за сквернавењето на македонското знаме од јавноста и од политичките партии беа објавени вчера и денеска.

Само од коалицијата Влен и од партнерите во неа сега засега нема реакции за сквернавњето на македонското знаме.

Реакцијата стигна по вчерашните глетки низ Скопје кога видовме палење и уништување македонско знаме, рафални пукотници, огномети, провокации.

ДУИ го осуди вчерашниот чин и прстот го впери и кон полицијата велејќи дека „Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме“.

Од ДУИ искануваат дека го осудуваат индивидуалниот чин на палење на државното знаме, секако упатувајќи прашања кон полицијата и повторно насочувајќи го прстот кон полициската интервенција.

И СДСМ го осуди вандалските настани и истакнува дека Министерството за внатрешни работи, предводено од министерот Панче Тошковски целосно потфрли во превенцијата и контролата на ситуацијата.

„Граѓаните имаат право да прашаат – зошто полицијата не беше присутна и зошто немаше брза и одлучна интервенција за спречување на овие инциденти? Министерството мора да објасни зошто не ја презеде својата одговорност и дали воопшто имало план за управување со ваквите ситуации. Очигледно МВР воопшто ниту била подготвена да реагира, ниту имала увид во она што се случувало во текот на речиси целиот ден вчера“, се вели во реакцијата од партијата

Од СДСМ упатуваат прашања до власта: Каде беа синоќа премиерот Мицкоски и министерот Тошковски, да се обратат со државнички пораки за смирување на состојбите?

И од политичката партија Левица побараа итна одговорност од оние кои ги сквернавеја македонските симболи.

Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, коалициониот партнер на Влен во Владата Максим Димитриевски во осудата напиша „да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала плаќала и плаќа, вложува во тебе, злосторство е да одиш против истата. Да живее Македонија.

Реакција стигна и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму се децидни дека навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи имаат политичка позадина. Од партијата потенцираат дека преку етнички теми и поделби сакаат да се наметнат во јавниот дискурс во отсуство на реална политичка понуда.

Зачлени се на нашиот е-билтен