Според него најодговорна за ваквите случувања е Владата. Тој нагласи дека пред да се случат овие настани имало забрана од Министерството за внатрешни работи граѓаните да чествуваат на одредени плоштади во државата, што, како што рече не е случај ниту во европските држави, ниту во САД. Додаде дека имало реакција од негова страна преку социјалните мрежи и од страна на организацискиот секретар Блерим Беџети.
На граѓаните кои славеа за Денот на албанското знаме им беше забрането да слават во плоштадот во Скопје и во Куманово, што е спротивно на се што може една држава да направи за своите граѓани.
Тој нагласи дека взаемно треба да се осудуваат ваквите настанит, а не, како што рече, само на одредена етничка заедница.
-Но взаемно треба да ги осудуваме, и актите што ги прави одредена заедница и другата етничка заедница. Заради тоа што имаше акти не само од албанската етничка заедница и веќе се објавени сите видеа по социјалните мрежи. Меѓуетничките односи се од круцијално значење во нашата држава и ДУИ во континуитет повторува и ги повикува сите чинители, посебно политичките чинители да даваат позитивни пораки во делот меѓуетничките односи во нашата држава.
„А зошто зачестуваат вакви настани кога во последните 7-10 години не сме имале такви настани. Сме имале стабилни меѓуетнички односи во нашата држава“, рече тој.