Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Грција им објави војна на мобилните телефони – За три месеци суспендирани над 10.000 ученици

Во Грција, од почетокот на учебната година во септември до денес, 10.700 ученици се суспендирани поради прекршување на забраната за користење мобилни телефони во училиштата за време на наставата. Ова го соопшти денеска министерот за образование Киријакос Пиеракакис.

Забраната за мобилни телефони во училниците беше воведена на почетокот на годинава со цел да се подобри фокусот на учениците и да се намалат нарушувањата во наставниот процес. Според новата регулатива, учениците кои ќе ја прекршат забраната ќе бидат суспендирани на еден ден, а за повторни прекршоци можат да бидат отстранети од настава на подолг период.

Оваа мерка е дополнување на претходните правила против сајбер-малтретирањето, според кои учениците може да бидат исклучени од училиште ако снимаат свои соученици и ги објавуваат на интернет за да ги исмеваат или навредат.

Зачлени се на нашиот е-билтен