Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На патишта во Македонија се вози во зимски услови

Планинскиот премин Плетвар вечерва целосно забелен со снег. Сообраќајот се одвива отежнато поради снежната покривка но и намалената видливост.

Врнежите од снег таму се интензивни во моментов. Поради спорото движење на автомобилите на места од делницата се создаваат долги колони.

Врнежите нема да престанат со оглед дека метереолозите највуваат снег на повисоките места во текот на целиот викенд.

Граѓаните стравуваат иако претходно надлежните укажуваа дека возачите не треба да бидат загрижени бидејќи како што изворна кажа директорот на Центарот со управување со кризи оваа зима снегот нема да ги изненади.

Солта е купена, а камините и багерите изнајмени од приватна фирма. Но сепак на терен до овој момент не излегле да интервенираат.

Сообраќајот на останатите патишта низ земјава се одвива непречено, иако коловозите се влажни поради зимските услов

Од 12:20 часот има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и магистралниот пат Гостивар-Кичево поради врнежи од снег.АМСМ информира дека е нормализиран сообраќајот на излез од Гостивар кон Стража и дека сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива непречено, по една коловозна лента.

Зачлени се на нашиот е-билтен