Разногласие меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Агенцијата за безбедност Бојан Стојановски, околу предупредувањата за инцидентите што се случија на Денот на албанското знаме. Првиот полицаец Тошковски, тврди дека биле предупредени за можноста да има ‘немили настани’.
„Дали бевме предупредени од страна на сите институции кои се занимаваат од страна на безбедноста, да бевме предупредени дека може да има немили настани“, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тошковски тврди дека по барање од Одделот за организиран криминал при МВР, пред два месеци, испратиле барање да се даде оценка дали се можни инциденти на 22 и 28 ноември, на деновите на албанскатка азбука и на знамето и дека го добил следнито одговор:
„Агенцијата за национална безбедност, по поднесено барање од страна на одделот за организиран криминал во Министерство за внатрешни работи, е добиен одговор дека нема индиции за немили настани“, изјави министерот за внатрешни работи“, Панче Тошковски, при тоа искористувајќи ја можноста да го нападне раководство на претходните власти, дека не си ја завршило добро работата.
Од друга страна пак, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, за дел од медиумите изјавува дека информациите на безбедносните служби се класифицирани, оттаму и не може да открие детали за јавноста, дали и со какви оперативни сознанија располагале пред инцидентите?
„Како тие би знаеле дали јас сум предупредил некого или не? Тоа се класифицирани информации, не можам да ви дадам детали. Ние сме во тек со сите случувања и превентивно и реактивно. Како за претходните, така и за оваа ситуација сме биле оперативно насочени кон превенција на насилен екстремизам, а ќе бидеме и понатаму. Имаме одлична соработка со сите безбедносни органи. Граѓаните можат да бидат спокојни, изјави Христовски.