Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дипломатски добротворен базар на кој беа претставени традиционалните кујни и сувенири

По повод Светскиот ден на детето под почесно претседателство на амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, се одржа Дипломатскиот добротворен базар во организацијата на ,, Добредојде Македонија – Welcome centre“.

Преку своите амбасади на базарот учествуваа Кина, Јапонија, Казахстан, Словенија, Словачка, Австрија, Шпанија, Бугарија, Чешка, Хрватска, Косово, Италија, Литванија, Швајцарија. Земјите со свои штандови на кои имаше традиционална кујна и сувенири се претставија пред посетителите.

Амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, на отворањето рече.

„Многу сум задоволен што се собравме  тука на овој хуманитарен настан.  Денеска го славиме Денот на детето и кој би бил најдобар начин ако не преку солидарност и меѓусебното пријателство да ја покажеме хуманоста“, рече Прескер. 

Собраните средства годинава се наменети за поддршка за ранливи деца и заедници за училиштата „Св. Климент Охридски“ (Македонски Брод) и „Братство-Миѓени“ (Тетово).

„Сега кога се ближи Божиќ важно е да се покаже дека дипломатскиот кор е вклучен и во социјални иницијативи во вашата земја, па затоа сум многу среќен што нашата амбасада учествува на овој значаен добротворен базар“, изјави за медиумите, шпанскиот амбасадор, Рафаел Соријано Орриз.

Зачлени се на нашиот е-билтен