Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ДУИ бара интерпелација за Тошковски

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска побара итна и неотповиклива оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и на неговиот заменик Астрит Исени за, како што велат, главно одговорни за инцидентите на Денот на албанското знаме.

„ДУИ бара итна и неотповиклива оставка на министерот за внатрешни работи и на заменик-министерот за внатрешни работи како главно одговорни за настанот. Ако оставката не се случува, ние деновиве во Собранието ќе покренеме интерпелација за министерот за внатрешни работи и за заменик-министерот. Најверојатно интерпелацијата ќе биде поднесена на почетокот на наредната недела. Кога нашите служби и пратеничката група ќе биде спремна, веднаш ќе биде поднесена, рече потпретседателот на ДУИ, Бајрам Реџепи.

Последните случувања, како што рече Реџепи, не се само јасен показател за неуспехот на институциите, туку и вистинско огледало за правецот што оваа држава го има земено со оваа Влада.

„Кога се пали албанското национално знаме и провокациите спрема Албанците поминуваат без никаква казна, додека полициското насилство спрема една традиционална манифестација завршува со казнување само на Албанците, станува јасно дека таквиот пристап е намерен за да се навредува и омаловажува една цела нација. Огорчени и загрижени од насилството и омаловажувањето на знамињата од страна на сомнителните групации кои не и посакуваат добро на оваа држава и посебно од неодговорниот, непрофесионалниот и поттикнувачкиот однос на државната полиција, ДУИ апелира до сите граѓани да бидат мирни и да избегнуваат било какви провокации во наредниот период од страна на одредени структури кои работат против мирот и стабилноста на нашата земја и на целиот регион“, рече Реџепи.

Бара од институциите неселективно да ги донесат пред лицето на правдата сите одговорни на овие, како што вели, срамни и монструозни случувања.

Зачлени се на нашиот е-билтен