Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Муцунски учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, што се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел. 

Предвидено е на министерскиот состанок да се разговара за актуелните безбедносни предизвици на НАТО, за случувањата во јужното соседство на Алијансата, за актуелните состојби поврзани со руската агресија врз Украина, како и за досегашната имплементација на одлуките донесени на Самитот на Пактот во Вашингтон одржан во јули, годинава. 

Министерскиот состанок на НАТО продолжува утре претпладне со заседание на Северноатлантскиот совет на кое, меѓу другото, ќе се разговара и за подготовките на Самитот на Алијансата што ќе се одржи следната година во Хаг. 

Зачлени се на нашиот е-билтен