Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Одбивањето на лидерска средба потврдува дека на ВМРО-ДПМНЕ им одговараат меѓуетничките тензии

СДСМ остро реагира на одбивањето на иницијативата за лидерска средба од страна на Владата и ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи го како шокантно и неодговорно во услови на растечки меѓуетнички тензии и зачестени инциденти со оружје.

„Шокантно е што владата и Митева излегуваат со став дека прашањата за безбедноста, мирот и иднината на државата не се доволно важни за лидерска средба,“ се вели во соопштението на СДСМ, посочувајќи на серијата инциденти во Чаир, Куманово и Скопје кои ја влошуваат состојбата.
СДСМ предупредува дека дополнително се подгреваат меѓуетничките односи преку палења на македонски државни знамиња, униформирани деца во училишта и повици за реваншизам.
„Одбивањето на иницијативата за лидерска средба го засилува сомнежот за политичка калкулација и испраќа опасна порака – дека некои политички фактори во власта имаат интерес од продолжување на тензиите,“ додаваат од партијата.

СДСМ бара итен политички дијалог за смирување на кризата и стабилизирање на состојбата, упатувајќи повик за одговорност и акција од сите релевантни политички чинители.

Зачлени се на нашиот е-билтен