Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тошковски: ДУИ директно се меша во работата на Уставниот суд

Демократскта унија за интеграција, директно се меша во работата на Уставниот суд, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по повод најавите на партијата на Али Ахмети, дека доколку Уставниот суд укине која било одредба од Законот за употреба на јазиците, кој е на дневен ред на седницата на Уставен суд закажана за в среда, ќе биде директен удар врз стабилноста и мирот на Северна Македонијаќе

„Сметам дека Уставниот суд треба да си донесе одлука согласно Устав и закон. Тоа е негова работа да одлучи дали одреден закон или одредена одредба е во согласност со уставните одредби. Сите политички субјекти и останати фактори во општеството ќе треба да ја почитуваат одлуката која што ќе ја донесе Уставниот суд без оглед во која насока ќе биде истата“, рече Тошковски.

Според него безбедносната состојба во државата не е нарушена.

„И во минатото говоревме дека постојат обиди за дестабилизација. Факт е дека на одредени злонамерници не им одговара да имаме демократска земја во која што ќе владее законот и правото. Тоа се гледа преку овие, нивни дејствија“, рече Тошковски. Т

Според првиот полицаец, МВР, има капацитет да одговори на сите предизвици како и претходно.

Зачлени се на нашиот е-билтен