Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОУ „Кирил и Методиј“ од Битола: ТикТок предизвикот “Супермен“ е опасен, следете ги децата

Преку соопштение, ОУ “Кирил и Методиј“ од Битола упати апел до јавноста родителите и наставниците повеќе да вимаваат на децата во врска со ТикТик трендот „Супермен“.

„Почитувани ученици, родители и наставници, упатуваме апел до сите за зголемена внимателност и будност во врска со последните случувања поврзани со Тик-Ток трендот ‘Супермен’ кој се прошири деновиве низ училиштата. Со оглед на тоа дека станува збор за опасен предизвик поради кој веќе има и повредени ученици од некои училишта низ државата, апелираме за будно следење на ситуацијата од страна на родителите и наставниците, поголема контрола на активностите што ги прават децата преку своите телефони од страна на родителите, превентивни разговори со учениците за подигање на свесноста околу опасноста од вакви предизвици преку социјалните мрежи.“, се вели во објавата на училиштето.

Поради предизвикот „Супермен“ на социјалната платформа Тик-Ток во кој деца се фрлаат на земја се потешко и полесно се повредени над десеттина деца во државата.

Зачлени се на нашиот е-билтен