Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој се подготвува за преземање на функцијата на 20 јануари и веќе добива безбедносни брифинзи од службите, објави дека загубите на Русија во Украина се околу 600 илјади војници.
Во објавата за соборувањето на Асад од страна на сириските бунтовници, Трамп напиша дека Асад бил штитен од Русија, која немала причина воопшто да биде таму.
„Тие го изгубија интересот во Сирија поради Украина, каде што близу 600.000 руску војници се ранети или мрти, во војна што не требаше да ја започнат и која може да трае засегкоаш“ напиша Трамп.
Тој додава дека Русија и Иран сега се во ослабена позиција, едниот поради Украина и лошата економија, а другиот поради Израел и нивните успеси.
Трамп исто така повикува дека Зеленски и Украина се подготвени за договор за да запре лудилото.
„Мора да има прекин на огнот и да започнат преговорите. Премногу животи непотребно се губат, премногу фамилии се уништуван и ако продолжи ќе прерасне во нешто поголемо и полошо. Го знам Владимир добро, ова е време за акција. Кина може да помогне. Светот чека“ пишува Трамп.