Зеленски: Од почетокот на војната загинаа 43 илјади украински војници

Фото: X/@ZelenskyyUa

Украинскиот претседател Володомир Зеленски објави дека од почетокот на руската агресија врз Украина досега загинале 43 илјади украински војници, а 370 илјади се ранети.

„Украина од почетокот на војната загуби 43.000 војници на бојното поле. Забележани се 370.000 случаи на медицинска помош за ранети, при што 50 отсто од ранетите повторно се враќаат во војска. Ги евидентираме сите повреди, дури и лесни и повторливи“, објави Зеленски на Телеграм.

Според Зеленски, штетите врз Русија се доста поголеми. Како што кажа тој 198 илјади руски војници биле убиени, а повеќе од 550 илјади ранети.

„Од септември, Русија губи пет до шест војници на еден наш“, истакна тој.

Претходно и новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп споредли податоци за бројот на повредени и загинати војници и на социјалните медиуми напиша дека Русија има околу 600 илјади загинати или ранети војници во Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен