Трамп со порака до Украина: Помалку воена помош после 20 јануари

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп порача дека активно работи на наоѓање на крај на војната во Украина и прави се што може.

Тој сепак порача дека Украина може да очекува дека нема да добива исто толку воена помош од САД кога тој ќе се врати во Белата куќа.

Трамп во интервју за Ен-Би-Си не сакаше да даде уверување дека САД ќе останат во НАТО и тоа го услови со зголемување на издвојувањата за одбрана на останатите земји.

„Ако тие ги платат нивните сметки, тогаш да, ќе ја задржиме нашата улога во Алијансата“ рече Трамп.

Зачлени се на нашиот е-билтен