Руте: Повеќе од милион убиени или ранети во Украина

Од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, повеќе од еден милион луѓе се убиени или повредени, соопшти НАТО.

„Секоја недела има над 10.000 убиени или ранети од сите страни во Украина“, изјави денеска  во Брисел генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

„Секој ден, оваа војна предизвикува се повеќе пустош и смрт“, додаде тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека досега во војната се убиени 43.000 украински војници.  Покрај тоа, додава ДПА, уште 370.000 војници биле третирани од различни воени повреди, од кои половината се вратиле на воена служба.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неодамна наведе слични бројки.

На социјалните мрежи тој напиша во војната до денеска има 600.000 убиени или ранети руски војници и околу 400.000 украински жртви, пренесе германската агенција дпа.

Зачлени се на нашиот е-билтен