Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Деспотовски: Договорот со „Авеста“ за инвестиција во Кичево ги потпишавме во 2023, континуитетот е важен за граѓаните

Јован Деспотовски, поранешниот директор на Дирекцијата за Трговско-индустриски развојни зони, во изјава за медиумите упати честитки до “Авеста Батерис енд Инжинеринг” (АБЕЕ) за официјалниот почеток на градежните работи во ТИРЗ Кичево. 

„Особено ме радува што реализацијата на проектот се одвива според договорените рокови од Договорот за инвестиција, кој го потпишавме во мај 2023 година“, истакнува Деспотовски.

Оваа инвестиција, со вкупна вредност од 40 милиони евра, претставува важен чекор за развој на регионот, носејќи над 600 нови работни места за нашите сограѓани. Ваквите проекти имаат директно влијание врз подобрување на животниот стандард на населението и отвораат нови перспективи за локалната економија.

„Она што е особено позитивно е дека новата Влада го продолжува тоа што го започнавме. Континуитетот во реализацијата на вакви стратешки инвестиции е клучен за просперитетот на нашата земја. Ова покажува дека кога во работата ја ставате Македонија на прво место, придобивките се за сите граѓани“, посочува поранешниот директор на Дирекцијата за ТИРЗ.

Зачлени се на нашиот е-билтен