Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Медведев: Можно е Русија да анектира уште украински територии

Фото: Kremlin.ru, CC BY 3.0, via Wikimedia Commons

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев предложи можност за понатамошна анексија на територија во Украина, објави во саботата германската новинска агенција ДПА.

На партискиот конгрес на партијата Единствена Русија во петокот во Кремљ, Медведев рече дека е неопходно да се развијат регионите кои се веќе припоени кон Москва – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

„Тоа искуство би можело да биде од помош доколку кај нас се појават повеќе нови региони кои се многу блиски“, што, рече, „е сосема можно“.

Медведев останува влијателен како претседател на партијата Единствена Русија и заменик-шеф на Советот за национална безбедност на Русија.

Кремљ, кој започна војна против Украина во февруари 2022 година под изговор дека го штити цивилното население во Донбас што зборува руски, досега само делумно окупираше четири региони, но бара нивно предавање од Киев како предуслов за мировни преговори.

Москва постојано се закануваше со дополнителни анексии доколку Украина не го прифати барањето.

Зачлени се на нашиот е-билтен