Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Марко е херојот што спаси шестгодишно девојче што паднало во ледената река во Ужице, Србија

Шестгодишно девојче денеска падна во реката Џетиња во Ужице, а Марко Дидановиќ, момче кое ловеше риба, веднаш без размислување скокнало во водата, пливаше и го извлече детето од водата која веќе почна да ја носи.

Тој на локалнаната социјална страница „Oglasna tabla“ напиша: „Имав среќа што ловев риба со другарот кога се несреќата, па веднаш скокнав во брзакот под браната кога девојчето падна. Имаше околу 6-7 години, знам дека се вика Јулија, фала му на Бога, сега е добро, а утре ќе и однесам чоколадо“.

Денеска на Фејсбук страницата „Ужице гласна табла“ се појави видео од спасувањето на дете, на кое се гледа како Марко го извлекува девојчето од водата.

Задишан по спасувањето застанал за момент да здивне и дури потоа ја соблекол мократа облека.

Девојчето потоа беше прифатена од најблиските и целиот настан заврши со среќен крај.

Под видеото имаше коментари од многу луѓе со поддршка за овој херојски чин.

Зачлени се на нашиот е-билтен