10. издание на Медиумски фестивал Скопје

Десеттото издание на Медиумскиот фестивал Скопје, ќе се одржи од 17 до 19 ноември во „Лабораториум“.

Фестивалот го организира Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА. Јубилејното издание обединува документарни филмови, разговори и практични работилници, со слободен влез за сите заинтересирани.

Медиумскиот фестивал Скопје отвора со „Птици на војната“

На отворањето ќе биде прикажан „Птици на војната“, филм што преку комуникацијата и снимките на либанска новинарка со седиште во Лондон и сириски снимател раскажува за известувањето, човечноста и љубовта во сенката на војната.

Првата фестивалска дискусија ќе се осврне на промените во медиумската сцена во изминатата деценија и на предизвиците што следуваат. Пред разговорот ќе биде прикажано ретроспективно видео за претходните девет изданија.

Вториот ден, на 18 ноември, програмата започнува со работилница за справување со стрес, предводена од психотерапевтката Радмила Живановиќ. Учесниците ќе разговараат за грижата за менталното здравје и за превенцијата од професионално согорување.

Во среда е предвидена и дискусија за женскиот глас во јавната сфера и за обработката на темите што особено ги засегаат жените. Настанот се надоврзува на петгодишната работа на Програмата за новинарки на ПИНА.

Приказни за редакциски отпор и пропаганда

Филмската програма на 18 ноември ги носи „Укради ја приказнава, те молам!“, посветен на новинарката Ејми Гудман, и „Демократија во мрак“. Вториот филм ги следи искуствата на новинарка, опозициска пратеничка и медицинска сестра низ политичката трансформација на Унгарија.

Последниот фестивалски ден започнува со работилница за правната заштита на новинарите. Маја Атанасова од Македонското здружение на млади правници ќе зборува за договорите, прифаќањето ангажмани и ризиците на кои треба да се внимава. Завршната дискусија ќе биде посветена на медиумската писменост и снаоѓањето во дигиталното опкружување.

Во четврток, 19 ноември, во 20 часот ќе биде прикажан „80 гневни новинари“. Авторот Андраш Фелдеш ја насочува камерата кон сопствената редакција, документирајќи го колективниот отказ поради нарушената уредувачка независност и борбата за професионална автономија што следува.

Фестивалот ќе го затвори „Господин Никој против Путин“, документарец што преку снимки од руско училиште го истражува влијанието на воената пропаганда врз учениците и секојдневниот живот.

Целосната програма е достапна на mfs.mk, а дел од настаните ќе се пренесуваат и преку фејсбук-каналите на фестивалот и на ПИНА.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?