Според последните податоци на Државната изборна комисија објавени во 20 часот и 10 минути, обработени се над 83 отсто од избирачките места, додека актуелниот претседател Зоран Милановиќ и натаму убедливо води. Јасно е дека ќе биде во Пантовчак во следните пет години, пишуваат хрватските медиуми.
Милановиќ е избран со 73,94 отсто од гласачите (821.709 гласови), а Драган Приморац со 26,06 отсто (289.660 гласови). На интерактивната мапа на Јутарњи лист можете подетално да проверите како се одвивало гласањето во сите окрузи и градови.
Актуелниот претседател има 72,55 отсто од гласовите, а Драган Приморац има 27,45 отсто.Пристигнаа првите официјални резултати од вториот круг на претседателските избори. Обработени се 25 отсто од избирачките места, Милановиќ во моментов има 154.422 гласа (71 отсто), а Приморац има 63.027 (29 отсто).