Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Амбасада на САД во Косово: Затворањето на српските институции е во спротивност на нашите совети

Американската амбасада во Приштина објави дека денешното затворање на српските институции во Косово од страна на  Приштина директно и негативно влијае на Србите и другите заедници на Косово и може да ги поткопа аспирациите на Приштина да се приклучи кон евроатлантската заедница.

Во одговорот на американската амбасада во Приштина до Газета Експрес, се наведува дека акцијата на Приштина била извршена против советите на САД и дека ја ослабува довербата и ги ограничува можностите на САД да му помогнат на Косово да обезбеди подобра иднина.

„Тие акции, спротивно на нашите најдобри совети, ја поткопуваат довербата во односите и ја ограничуваат нашата способност да му помогнеме на Косово да обезбеди подобра и посветла иднина за целиот свој народ. Ние продолжуваме да ја следиме ситуацијата“, се вели во одговорот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен