Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блумберг: Наскоро ќе започне изградбата на хотелот Трамп во Белград

Инвестициската компанија „Affinity Partners“, основана од Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп и емиратскиот милијардер Мохамед Алабар, заеднички ќе градат луксузен хотел и станбен комплекс во Белград, на местото на Министерството за одбрана на поранешна Југославија, ја пренесува Еуроњуз.рс информацијата на Блумберг.

Како што е наведено, Трамп размислуваше за слична идеја уште пред да се кандидира за претседател на САД во 2016 година.

Комплексот ќе се вика „Трамп“ и ќе вклучува луксузен хотел и апартмани.

Кушнер разговараше со неколку брендови пред да се реши за името „Трамп“.

„Разговаравме со неколку брендови во изминатата година за хотелот“, рече Кушнер во интервју за Блумберг.

Како што е наведено, проектот во Србија го означува првиот заеднички деловен потфат меѓу Кушнер и Алабард.

Кушнер изрази надеж дека ова е само прв од заедничките проекти што ќе се реализираат во иднина.

Одлуката за брендирање на проектот „Трамп“ е донесена по победата на Доналд Трамп на ноемвриските избори, со што се зацврсти глобалниот бренд на семејството Трамп.

Се очекува луксузниот комплекс да придонесе за развојот на Белград и да го привлече вниманието на големите инвеститори и туристи, се вели во информацијата на Блумберг.

Зачлени се на нашиот е-билтен