Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] Нов хаос во Нови Сад: Брутална акција на полицијата против опозицијата

Полицијата упадна во градското собрание во Нови Сад, кое претходно беше блокирано од опозициските советници.

Дошло и до тепачка меѓу полицијата и советниците од опозицијата. Со брутална акција полицијата се обидува да ги избрка советниците од зградата, како што се гледа од видеото на платформата Х на „Крени/Промени“ иницијативата во Србија.

Претходно, фрадските советници, републичките и покраинските пратеници упаднаа во Градското собрание во Нови Сад и ги блокираа влезовите и канцеларијата на градоначалникот Милан Ѓуриќ.

Тие влегоа во Градското собрание во кое се сместени градоначалникот и градската власт и изјавија дека ќе го блокираат додека не се оконча истрагата и не заврши судскиот процес за трагедијата на железничката станица.

Полицијата веднаш по упадот на опозицијата се појави во кордони и во обид да ги истисне.

Зачлени се на нашиот е-билтен