Полициските сили брутално ја исфрли опозицијата од Градското собрание во Нови Сад, откако советниците ја блокираа институцијата со план да останат додека не се исполнат нивните барања. Советниците останаа надвор од зградата, и се обидоа повторно да влезат.
Жандармеријата подоцна пристигна пред зградата.
На граѓаните пред Градското собрание во Нови Сад им се придружија и просветните работници дојдоа да дадат поддршка на опозицијата која беше насилно исфрлена од Градската куќа од страна на полицијата.
Како што се известува, одржана е и акцијата наречена „ПроГлас“, „Стоп за Србија, застани со студентите“, како што наведоа како поширок формат од претходните дневни акции „Стоп за Србија“, во кои граѓаните и студентите во 11:52 часот им оддаваат почит на жртвите.
Граѓани и студенти, освен во Белград, Нови Сад, Ниш, денеска го блокираа сообраќајот и во уште неколку градови во Србија, каде со 15-минутно молчење им оддадоа почит на загинатите во уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад.
За утре е најавено заседавање на Адвокатската комора на Србија за да одлучат дали ќе се приклучи кон протестите.
Исто така, за вечерва е најавен протест пред државнате телевизија РТС.
Да потсетиме, во пресрет на вчерашната блокада под споменикот на Вук во Белград, автомобил удри во студентка на Правниот факултет, а потоа нејзините колеги организираа протест пред факултетот, а пеш се упатија и до Републичкото јавно обвинителство.
Овој инцидент го засили интензитетот на протестите кои се случуваат денеска.