Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Насилствата против студентите и граѓанските протести само ќе ги поттикнат да продолжат

Вчера во Белград беше прегазена студентка, пред неколку дена беа физички нападнати студенти на Правниот факултет, а денеска студентите најавуваат голем протест пред РТС. , настани за кои Урош Новаковиќ, професор на Правниот факултет во Белград и студентката Маша Трифковиќ, во нивниот настап на Нова ТВ велат тоа нема да ги спречи студентите и граѓаните туку само ќе ги поттикне да продолжат.

Професорот Новаковиќ смета дека бројот на собрани граѓани во Краљево, од каде што е повреденета студентка, во Крагуевац и во други градови, само покажува колку луѓето се подготвени да бранат одредени вредности.

Тој потсети дека кога и да се случи инцидент, никаде нема владини претставници да го осудат.

Двајцата гости се согласија дека протестот пред РТС мора да испрати јасна порака дека јавниот сервис мора професионално да си ја врши работата – нивна работа е да известуваат за настани и да остават некој друг да ги заврши квалификациите, велат тие.

Зачлени се на нашиот е-билтен