Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ најавува масовни контра митинзи во Србија како одговор на протестите

Истакнати интелектуалци, професори, работници, земјоделци и бројни други истакнати членови на општеството ќе говорат на митинзите низ Србија како дел од создавањето на ново обединувачко народно движење, објави провладината белградска Политика.

Митинзите ќе започнат на 24 јануари и ќе се одржат во голем број градови во Србија.

Како што се вели во информацијата, на оваа влијателна група ќе и се придружи и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ќе зборува на споменатите собири.

За името на движењето ќе одлучуваат граѓаните кои ќе гласаат преку социјалните мрежи до Видовдан, кога се очекува и официјално да се формира движењето.

Се очекува движењето да собере голем број луѓе кои претходно не учествувале во политичкиот живот на Србија, пишува Политика.

Зачлени се на нашиот е-билтен