Адвокатите во Србија одлучија да дадат поддршка на студентите и на вонредната седница на собранието на Адвокатската комора одлучија да ја прекинат работата на седум дена.
Адвокатот Владимир Бељански, претседател на АК Војводина, рече дека постои единствен став на правната фела за ова прашање.
На прашањето дали за седум дена ќе има нови предлози, Бељански рече дека за нов предлог потребно е ново Собрание.
„Собранието може да го свика и предложи која било комора или 20 отсто од делегатите од ова Собрание. Ќе има ли ново собрание? Ќе видиме што ќе се случи во следните седум дена во Србија и соодветно ќе се претставиме“, додаде тој.
По седницата, говореше студентот од Ниш, Димитрије, кој го цитираше Радомир Лукиќ, познат професор по право: „Запомнете сега и до крајот на животот дека државата е монопол на силата и дека владее преку страв преку војската и полицијата, обвинителството, но често и судовите. Наша должност, како адвокати, е да го браниме народот од злобната власт, бидејќи целата влада е зла и перверзна.“