Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Потрошувачите во Хрватска предлагаат бојкот на продавниците да трае од 10 до 15 дена

На социјалните мрежи се шири повик за масовен бојкот на купувањето в петок, 24-ти јануари. Додека бројни граѓани порачаа „доста е!“ и најавија дека ќе го поддржат бојкотот, некои сметаат дека тоа нема да доведе до промени.

Експертот за малопродажа, Драго Мунџиза, изјави во дневникот на Нова ТВ дека смета дека купувањето на тој ден ќе се надомести со купување ден пред или по тој ден и дека е против таков тип бојкот.

Тој додаде: „Прифаќам и разбирам дека тоа може да биде порака до сите актери во дистрибутивниот ланец да направат сè за инфлацијата, која е увезена од Европа, да биде барем просечна, ако не и пониска од просекот“.

На оваа изјава реагираа потрошувачите предложија долгорочен бојкот, со кој би се бојкотирале поединечни трговски ланци секој 10-15 ден, со што би се предизвикал континуиран пад на продажбата и сериозен ефект на финансискиот ток на трговските ланци.

„Не рушиме државата, туку ги рушиме профитерите најодговорни на врвот на пирамидата за поскапувањата“, велат тие и додаваат дека ако биде потребно, од понеделник, 27-ти јануари, ќе започнат со бојкот на првиот трговски ланец, за кој ќе одлучат самите потрошувачи. Потрошувачите се повикуваат да ја поддржат оваа иницијатива, да се приклучат на бојкотот и да го споделат повикот.

Зачлени се на нашиот е-билтен