Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спајиќ: Опозицијата во Црна Гора не треба да се нарекува европски, туку советски сојуз

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ остро ја критикуваше опозицијата за бојкотот на обраќањето на еврокомесарката Марта Кос во Парламентот на Црна Гора и бојкотот на отфрлањето на предлогот на ЕУ да се консултира со Венецијанската комисија, со порака дека тие не придонесуваат за забрзување на европскиот пат на Црна Гора, туку спротивното.

„Сакаме опозиција која ќе биде дел од европската агенда на државата и жалиме што сега не го гледаме тоа. Прифаќаме и домашните судски инстанци да ја разрешат својата дилема за уставноста за утврдување престанок на мандатот на судија на Уставниот суд “, напиша Спајиќ на платформата Х и истакна:

„Од друга страна, Буџетот мора да се донесе заради повисоки приходи, инвестиции, евроинтеграции, развој, а не заради власта. Уште еднаш барам од опозицијата да престане да ги блокира процесите важни за сите граѓани на Црна Гора“, напиша Спајиќ.

Оваа порака Спајиќ ја објави со фотографија на која со големи бели и црвени букви е испишано: „Опозицијата не треба да се нарекува европска, туку Советски Сојуз“.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос кон крајот на минатата недела беше во дводневна официјална посета на Црна Гора и им се обрати на пратениците, но опозицијата ја бојкотираше седницата. Кос, меѓу другото, тогаш изјави дека Црна Гора нема време за губење.

„Немојте да се задоволувате со постигнатото. Вие, претставниците на граѓаните, имате посебна одговорност да ја исполните долгогодишната желба на вашите граѓани. Јас сум тука да ве поддржам на тој пат. И сметам на вас, за да можеме заедно да ја достигнеме целта“, рече Кос и додаде: „Црна Гора никогаш повеќе нема да биде сламка во виорот, како што еднаш рече вашиот голем поет. Европа е мојот дом, а јас сакам наскоро да биде наш заеднички дом, со среќа, Црна Гора“.

Седницата во петокот почна со едноминутно молчење за жртвите од неодамнешната голема трагедија во Цетиње. Претседателот на црногорскиот парламент, Андрија Мандиќ, изрази жалење што опозицијата не присуствуваше на седницата, нагласувајќи дека за патот кон ЕУ е важно сите политички актери да бидат посветени на таа цел.

Зачлени се на нашиот е-билтен