Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пожарот во домот за стари лица во Белград, го предизвикал еден од корисниците

Српската полиција се сомнева дека пожарот во дом за стари лица во близина на Белград, во кој загинаа осум лица, го предизвикал еден од корисниците.

Седум лица се повредени во пожар што избувна во понеделникот рано наутро во дом за стари лица во предградието на Белград, јави српската јавна телевизија РТС, а информацијата ја пренесе Н1.

Вршителот на должноста началник на Секторот за вонредни ситуации на српското Министерство за внатрешни работи, Лука Чаушиќ изјави дека, според првичните податоци, постои сомневање дека пожарот во домот за стари лица во општина Бараево го предизвикал еден од жителите на домот, јави Танјуг.

Чаушиќ потврди дека во пожарот загинале осум лица, а противпожарните и спасувачките екипи евакуирале 13 корисници, од кои седум биле пренесени од Брза помош.

Пожарот е изгаснат, а во гаснењето учествувале 32 пожарникари и 11 возила.

Властите во понеделникот во 3 часот и 22 минути добиле пријава за пожар во дом за стари лица, а по пристигнувањето на местото на настанот, припадниците на Секторот за вонредни ситуации на српското МВР го пронашле пожарот во пламен, соопштија властите.

Зачлени се на нашиот е-билтен