Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Прогласен ден на национална жалост во Турција поради трагедијата во Карталкаја

Фото: EPA-EFE/STR

Прогласен е ден на национална жалост во Турција поради трагедијата што се случи во турскиот ски-центар Карталкаја, каде што загинаа 66 лица, а 51 се повредени.

Во текот на ноќта избувна пожар во хотел во ски-центарот, при што загинаа 66 лица.

Поради тоа, претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган објави дека Владата донела одлука за прогласување на ден на национална жалост.

Тој нагласи дека државата ќе направи се за да ги изведе пред лицето на правдата одговорните за оваа трагедија.

Тим од експерти и обвинители ги истражуваат причините за пожарот, додека во рамките на истрагата се приведени четири лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот.

Сè уште се чекаат официјални резултати за околностите кои довеле до трагедијата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен