Италијанската полиција во соработка со албанската полиција уапси 12 лица за шверц на кокаин

Италијанската полиција во соработка со албанските колеги уапсила 12 лица во рамки на акцијата против шверц на големи количества кокаин од Јужна Америка, јавија денеска италијанските медиуми.

Дрогата со камиони била транспортирана во Италија од Албанија и други централноевропски земји.

Наркотиците биле дистрибуирани во Милано, Торино, Верона, Бреша, Тренто и други градови во северна Италија.

По неколку претреси, уапсени се 12 лица, а во рамки на истрагата ќе бидат сослушани уште осум осомничени. 

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?