Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За утре е закажан мега штрајк во Србија: „Да ја земеме слободата во свои раце“

Студентите од блокадите ги повикаа граѓаните на Србија утре, во петок на 24 јануари целосно да ги прекинат сите активности.

Генерален штрајк за петок прогласи и Републичкиот синдикат на културата, а претходно истиот чекор го презедоа адвокатите и наставниците. На штрајкот ќе се приклучат и вработени во културата, поединечни културни институции, библиотеки, претставници на невладиниот сектор, угостители, претприемачи, фразни други установи, пишува Н1.

Соговорниците на Н1 истакнуваат дека ова нема да биде генерален штрајк во вистинска смисла на зборот, но форма на граѓанска непослушност и еден вид солидарен штрајк.

Студентите наведоа дека терминот „генерален штрајк“ се однесува на општа граѓанска непослушност.

„Ние не одиме на работа, не одиме на часови, не ги извршуваме секојдневните обврски. Да ја земеме слободата во свои раце! Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите на социјалната мрежа Инстаграм.

Кој се приклучи на штрајкот?

Претседателот на Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија, Душан Кокот, на 20 јануари прогласи генерален штрајк во училиштата, а на прекинот на работата се приклучија и адвокатите. И Републичкиот културен синдикат најави дека ќе го поддржи штрајкот во петок, по што некои библиотеки и културни домови најавија дека нема да работат. Утре вратите ќе ги затвори и Историскиот архив на Белград. Бројни театри во Србија, исто така, ја прекинаа својата програма.

Повикот за генерален штрајк беше проследен со бројни пораки на солидарност. На генералниот штрајк се приклучија Н1, Нова, Данас, Спорт Клуб, додека новинските агенции Бета и Фонет најавија дека ќе ја поддржат акцијата на студентите и на другите различни групи активисти и работници со запирање на емитувањето на информативните сервиси и објавување вести на порталите и социјалните мрежи за периодот од 11:52 до 12:07 часот.

Запирање на работата најавија и бројни издавачки куќи и книжарници. Бројни ресторани и претприемачи исто така споделија на социјалните мрежи дека се приклучуваат на генералниот штрајк. Списокот од минута во минута станува се подолг.

Вучиќ создава „народно движење“

Во исто време, српскиот претседател Александар Вучиќ и владејачката Српска напредна партија повикаа на голем митинг во Јагодина што треба да го одбележи формирањето на „народното движење за пристојна Србија“, како одговор на се помасовните протести насочени кон борба за поправедно општество засновано на владеење на правото.

Зачлени се на нашиот е-билтен