Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поглаварот на Албанската православна црква архиепископот Анастасиос (95) почина во грчка болница

Поглаварот на Албанската православна црква, Архиепископот Анастасиос, почина на 95-годишна возраст во болница во Атина, откако со хеликоптер беше пренесен во грчката престолнина по инфекција со вирусот.

Анастасиос, кој три децении е на чело на АПЦ е заслужен за оживувањето на православната црква во Албанија, и е познат по тоа што негувал мир меѓу христијаните и муслиманите.

Црквата денеска изрази „голема болка“ по веста за неговата смрт.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај ја пофали „мудроста, посветеноста и љубовта на архиепископот кон луѓето“, велејќи дека тој „придонел за зајакнување и создавање нов пат за албанската православна вера“.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека Анастасиос оставил „неизбришлива“ трага преку неговата порака за „мирен соживот“.

Архиепископот беше однесен во грчката престолнина со авион на грчкото воздухопловство четири дена откако беше примен во болница во Тирана со, како што го нарекоа црковните претставници „сезонски вирус“.

Болницата „Евангелисмос“ каде што се лекуваше соопшти дека починал по откажување на повеќе органи.

Анастасиос, кој беше грчки државјанин, во последните години редовно добивал медицинска нега во Атина.

Во ноември 2020 година, во истата болница бил пренесен со грчки воен авион, и хоспитализиран 12 дена со Ковид-19.

Архиепископот е роден во Пиреја, пристаниште во близина на Атина, и бил познат по својата харизма, дипломатски вештини и меко зборување.

Анастасиос ја оживеа православната црква во Албанија, која беше поткопана од самопрогласениот „атеистички“ режим на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа.

Под диктатурата на оџа (1945-1985), седум архиепископи, 111 свештеници и осум монахињи од различна вероисповед беа затворени или егзекутирани.

Зачлени се на нашиот е-билтен