Притвор и обвинение за обид за убиство за девојката која со автомобил удри студентка на блокада во Белград

Вишото јавно обвинителство во Белград покрена истрага против Милица С.(25) поради сомнение дека на 24 јануари за време на студентска блокада во Нов Белград со автомобил тешко повредила студентка и се обидела да убие неколку лица.

Обвинителството предложи на осомничената да и се одреди мерка притвор, а таа да одговара за кривично дело тешко убиство во обид.

Дваесет и петгодишна студентка на Земјоделскиот факултет во Белград е повредена кога за време на масовниот протест во главниот град, девојката со својот автомобил влетала во група студенти кои биле организатори на протестот.

Зачлени се на нашиот е-билтен